Голем број на познати личности, пријатели и љубители на најдоброто од македонската музика вечерва уживаат во звуците на Влатко Стефановски и неговиот бенд.
На мини концертот во „Кино Карпош“, со кој Влатко ја затвора летната мини турнеја со која помина низ 9 македонски градови, присутни се и Катарина Ивановска, Каролина Гочева, Сашко Коцев и неговата Смиљана, Вера Мештеровиќ и Игор Кралевски, Ванчо Димовски, синот на македонскиот претседател Иван Иванов и уште многу други.
– Турнејата ги исполни и надмина моите очекувања. Македонија навистина поседува луѓе што знаат да уживаат во добра музика. Секогаш е задоволство да се свири за мојата македонска публика – изјави Стефановски.
Фото: Aлександар Ивановски
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.