| четврток, 6 декември 2018 |

Писателката нема веќе пари – Исидора Бјелица го прекина лекувањето

589978_isidora-bjelica280213ras-foto-mitar-mitrovic--98_ff

Бурна недела е зад дамата со кревко здравје, писателката и тв-водителка Исадора Бјелица (47), кој повторно се соочува со подмолната болест, канцерот на матката. Поради недостигот на финансиски средства Бјелица морала да го прекине лекувањето во Швајцарија и да го продолжи во Белград, каде што и помага докторка, која сакала да остане анонимна, пренесува српскиот портал „Курир“.

Иако физичкото здравје и е прилично нарушено, писателката психички зајакнала по посетата на нејзиното родно Сараево, каде отишла за првпат по 29 години.

И токму кога се наполнила со позитивна енергија, кога го прочитала неодамнешното интервју на српската новинарка Оља Бечковиќ, толку се вознемирила што го погазила неодамна дадениот збор и ја прекинала одлуката да отсуствува од медиумите. Писателката неодамна ја продаде својата импресивна колекција на книги за да може да го исплати своето скапо лекување во Швајцарија.

– Тој смешен настан веројатно имал последица на нашето наследство, но тоа не неважно. Луѓето кои ќе го посветат својот живот за да се згрозуваат од нешто, а гледаш дека тие се оние кои ги гледаат луѓето кои во тој отпад гледаат нешто добро. Потоа таа тоталитарна изјава за колешките водителки дека нивните книги се ѓубре и дека ѓубрето не смее да влезе во библиотека и книжарница. Па тоа се различни жени, тоа е потценување на сите нив – Бјелица ја прокоментирала Бечковиќ во најновото интервју за магазинот „Хелоу“.

За резултатите од анализите и лекарските прогнози тешко и е да зборува.

– Не можам за тоа ни да зборувам, бидејќи кога зборуваш за болеста таа расте. Кога некој ќе ме праша како сум, јас само велам дека работам на тоа да ми бид е подобро, имам повеќе ангели, сопруг во кој лудо сум вљубена, син и ќерка, илјадници луѓе кои се молат за мене, се обидувам со се за да оздравам, а тука е и Божјата волја – изјавила Исидора.

Таа додала дека љубовта е единствената трага на смислата на овој свет.

– Целосно ќе паднам, а потоа ќе ја добијам таа инфузија љубов од мојот сопруг, децата, читателите, пријателите, па ќе се поткренам. Страшно е тоа, луѓето умираат еднаш, а со оваа дијагноза умираш 365 дена. Чекањето на смртта е полошо и од самата смрт. Сега велат биди позитивен. Искрено, мислам дека ме спасуваат моето уметничко лудило и црниот хумор, бидејќи ова жив човек не може да го поднесе, а да не одлепи. Сега работам и со Синиша Убовиќ по методот на Лујза Хеј, а тука се и моите два монаха, ангели чувари. Во сиот овој ужас успеав да го напишам својот нов роман и пишувањето ми помага – заклучила храбрата Исидора.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top