Дефанзивецот на ПСВ Ајндховен, Мексиканецот Хектор Морено се извини и длабоко жали за повредата што му ја нанесе на играчот на Манчестер јунајтед Лук Шо во Лигата на шампионите.
Левиот бек на „црвените ѓаволи“ и еден од најдобрите во тимот, заработи двојна скршеница на десната нога по стартот на Морено, кој веднаш по натпреварот се огласи и му се извини на колегата.
– Се чувствувам лошо затоа што бев дел од таков инцидент. Немав намера да го повредам Шо, навистина жалам за сѐ. Му посакувам сѐ најдобро, знам дека ќе се врати на теренот посилен. Премногу ми е тешко – изјави Морено.
Лук Шо прејде во редовите на Манчестер јунајтед од Саутемптон за неверојатни 31 милион фунти и беше еден од најдобрите поединци во тимот од неговото доаѓање. Како негова замена до крајот на сезоната се спомнува името на Маркос Рохо.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Teшко повреден 30-годишен пешак
-
Месечно се случуваат по 150 несреќи на работа
-
Избегнат поголем инцидент во скопска градинка: Извадиле пиштол и нож спремни за пресметка
-
Избегнат сериозен инцидент: Стотина полицајци се обидоа да се конфронтираат со #Бојкотирам, спречувајќи ги да протестираат пред Влада!


