Блокбастерот за диносаурусите „Светот Јура“ е филм со најмногу грешки од сите остварување прикажани од почетокот на 2015 година, пишува сајтот „Мувимистејкс“.
Научнофантстичната епопеја на Колин Тревор содржи најмалку 19 крупни и мали грешки, вклучувајќи одреден број сценариски недоследности и фактички невистини, како што е џипот, кој еден од јунаците на филмот успева да го придвижи, иако 20 годни никој не го возел.
Некои „грешки“ се повеќе воочливи од други. Така еден гледач со право забележал дека директорот на паркот Клер Диринг кој го игра Брис Далас Хауард, не би можела да го преживее целиот филм цело време трчејќи во чевли со високи потпетици.
Тревор може сепак да биде спокоен затоа што неговиот филм е релативно „безгрешен“ во споредба со Спилберговиот „Паркот Јура“ од 1993 година, каде „Мувимистејкс“ сајтот пронајде 156 грешки.
Апсолутен рекордер е воената драма „Апокалипса денес“ која содржи дури 561 грешка.
Второ место на списокот на фимови со најмногу грешки во 2015 година го зазема најновото продолжение на Терминатор, „Генеза“ со десет грешки и недоследности, додека третата позиција ја држат „Човекот мравка“ и „Лудиот Макс: Пат на бесот“, секој со по осум грешки.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Специјална проекција на филмот „На мапата“ посветен на Тал Броди, кошаркар на „Макаби“
-
„Младешка осаменост“ – хибридниот документарец на Клер Симон во кината низ Македонија
-
Детскиот филм „Господин Мол и фабриката за чоколадо“ во кината низ Македонија
-
„Македокс“: Зимска реприза на филмот „Над возможното“ во кино Култура