– Движењето против вакцните не е тренд само кај нас, туку и во другите земји кога одиме на конгреси се сретнуваме со таа проблематика- околу тоа дали има аутизам, дали вакцините предизвикуваат одредени болести. За сето тоа е најдобро да се разговара со стручната фела – изјави Аспазија Софијанова, директорка на Клиниката за детски болести.
Таа го најави Конгресот на Педијатриското здружение кој ќе се одржи во Македонија од 8 до 11 октомври.
– Очекуваме околу 50 гости, и сигурно околу 400 лекари, педијатри и неонатолози, со кои ќе разговараме токму на оваа тема. Особено во делот околу имунизацијата ќе се има директен увид, бидејќи ги носиме луѓето од Париз, „Луј Пастер“ доаѓа тука, буквално пет врвни професори ќе држат предавање на тема имунизација, а и родителите ќе можат директно да учествуваат на овие семинари и работилници. Тоа ќе биде олеснително и за нив, бидејќи тоа антивакцинално движење не е тренд само во нашата држава, и во другите земји кога одиме на конгреси се сретнуваме со таа проблематика- околу тоа дали има аутизам, дали вакцините предизвикуваат одредени болести. Сето тоа е најдобро да се разговара со стручната фела. Па родителите и тие што не размислуваат така ќе можат да добијат одговори од стручните лица кои се занимаваат со оваа тема – рече Софијанова во интервју за МТВ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.