По предходно добиени оперативни сознанија дека татко и син се занимаваат со производство и недозволена дрговија со дрога, по издадена наредба од Основен суд Куманово, полициски службеници од Секторот за внатрешни работи – Куманово вчера извршија претрес на дом и други простории во с.Табановце, Куманово, сопственост на Љ.Ј.(65).
По извршениот претрес, во дворот се пронајдени и одземени вкупно 71 стебло од растението канабис сатива, околу 4 килограми наркотична дрога марихуана, едно кутивче со семки од растението канабис сатива, една воздушна пушка и еден куршум. Исто така одземени се и предмети (црево, туби, мотика) кои се користени за одгледување и обработување на растенијата.
По целосно расчистување и документирање на настанот ќе биде поднесена кривична пријава против Љ.Ј. (65) и неговиот син Б.Ј.(30), двајцата од с.Табановце, Куманово и истите ке бидат спроведени во ОЈО Куманово.
Инаку Б.Ј. е познат сторител на кривични дела од областа на недозволена трговија со дрога за што му се поднесувани кривични пријави и има издржувано казна затвор, додека пак на Љ.Б. му се поднесувани кривични пријави за загрозување со опасно орудие при тепачка или караница и за измама, за што има издржувано казна затвор.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.