| четврток, 6 декември 2018 |

Најголемиот фестивал на отворено „Аквапарк-фест“ ќе се одржи во Пробиштип

Уште 50 дена до нашето најново чедо, братчето на отворено на „Таксират“, кое и астрално реши да биде „близнак“, велат од „Пасворд“.

Секој треба барем еднаш во својот живот да ја почувствува атмосферата на љубов, среќа, другарување, музика и одлична забава, која го исполнува просторот на еден музички фестивал. А ,понесени од иницијативата да го надоместиме недостигот од можности за вакво уживање, ве информираме дека сите вредности што ги носат големите летни фестивали, конечно, ни се блиски и нам, спакувани во нов исклучителен настан, кој како единствен од овој вид стапува на македонската фестивалска сцена под имео „Аквапарк-фест“.

Пред официјалниот почеток на летната сезона, ве очекуваме на најголемиот фестивал на отворено кај нас, кој ќе се одржи во Пробиштип, на локацијата на аквапаркот.

Првото издание на фестивалот го подготвуваме да биде посебно од повеќе аспекти. Главни ѕвезди на фестивалот ќе бидат, несомнено, водечките музички имиња кај нас, а фестивалот ќе биде домаќин и на докажани изведувачи од регионот и на повеќе светски музички ѕвезди. „Аквапарк фест“ ќе се одржи на 24 и на 25 мај, а за време на овие два дена, посетителите ќе можат да уживаат 24/7 во музичката програма, која ќе биде презентирана на повеќе фестивалски сцени, од страна на повеќе од 30 изведувачи.

Но, „Аквапарк фест“ претставува многу повеќе од само добра музика.

Во програмата се вклучени и кинопроекции, театар, арт-инсталации, ликовни работилници, а низ разни активности ќе понуди и можност да научите подобро да се грижите за природата. Имено,  „Аквапарк-фест“ ќе се одржува како најзелениот фестивал посветен на општествената ангажираност за заштита на природата, кој воедно ќе ја поттикне еколошката будност на своите посетители, преку едукативни програми за рециклирањето и обновливите извори на енергија, а со цел што поскоро сите да почнеме да се грижиме за животната средина.
На „Аквапарк-фест“, посетителите ќе можат бесплатно да уживаат и во водните атракции, базени и тобогани на аквапаркот, а ќе биде овозможен и бесплатен интернет за сите посетители, ТВ-соба каде што ќе може да се следат и спортски натпревари, калкулатор за рециклиран отпад, но и награди за тие што ќе успеаат да рециклираат најмногу отпад.
Ако чувствувате потреба да се ослободите од стегите на секојдневието и да ја поттикнете вашата позитивна енергија, „Аквапарк-фест“ и илајдниците насмевнати луѓе од сите возрасти ве очекуваат на 24 и на 25 мај.
Билетите за „Аквапарк-фест“ наскоро ќе бидат достапни во продажба, по промотивна цена од 700 денари за фестивалска влезница и 400 денари за дневна влезница, во кои е вклучен бесплатен простор за кампување на фестивалот и бесплатна влезница за аквапаркот. Промотивните билети ќе се продаваат во ограничен број.
Картите за фестивалот ќе можат да се купат во продажните салони на „Oне“ и продажната мрежа на МКтикетс. Сите новости за фестивалот ќе бидат објавувани и на веб-страницата на фестивалот www.aquaparkfest.com , која денес официјално ќе биде пуштена во употреба, но и на „Аквапарк-фест“ линковите од социјалните мрежи:

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top