По успешната 2012 година и промоцијата на новиот албум, концерт и повеќе видеозаписи, нашиот хипхоп-артист Слаткаристика денес го претставува новиот видеозапис за песната „Среќа“, која се наоѓа на неговиот последен албум.
Видеото за „Среќа“ е дело на Владимир Ивановски-Дади и е интересна реализација на среќен текст кој се испишува во кадри од секојдневието.
Денес е среда – среќен ден, и по тој повод ви го презентираме новиот видеозапис на Слаткаристика за песната „Среќа“. Видеото од денеска ќе може да го погледнете на официјалниот канал на „Јутјуб“ на Слаткаристика:
http://www.youtube.com/watch?v=93ChR2SgWJQ
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.