Јордан Плевнеш, познат македонски драматург е добитник на признанието „Лауреат за 2015 година“ на годинашниот Меѓународен театарски фестивал „Свети Јоаким Осоговски“.
По свеченото кревање на фестивалското знаме официјалниот дел на 7. фестивал „Свети Јоаким Осоговски“ започна со осврт на богатото творештво на Плевнеш, познат македонски драматург, критичар и дипломат, по што и свечено му беше врачено признанието „Лауреат за 2015 година“.
Во обраќање пред бројната публика Плевнеш рече дека доделувањето на признанието од фестивалот кој го носи името на светецот Јоаким Осоговски за него е длабоко поврзување со фасцинантниот простор на Македонија во кој творел од раната младост.
– Ова признание за мене е длабоко поврзување со тој фасцинантен простор во кој уште од мојата рана младост сум испишал дела кои оттогаш по моето заминување за Париз се изведувани на сите континенти.Секогаш кога пишувам врз белото поле на листот пред мене се појавува таа магична слика на манастирот Св.Јоаким Осоговски како една митска точка на мојата нераскинлива поврзаност со македонската митопоетика што ја пренесувам низ меридијаните, рече Плевнеш.
Тој додаде дека, ако постои енциклопедиски речник на неговото срце, незаменливо е местото на св.Јоаким Осоговски во него.
– Се сеќавам на зборовите на бесмртниот Ернесто сабато којшто рече „без херои, маченици и светци човечкиот род не може да постои“, посочи Плевнеш.
На програмата од театарскиот фестивал вечер во 20 часот ќе биде прикажана претставата „ Ранет орел“ во изведба на Народен театар „Лесковац“, Република Србија, а утре во12 часот ќе се одржи промоција на делото „Од обред до театар“ на Тихомир Стојановски.
Фестивалот ќе трае до 23 септември, а сите настани и претстави ќе се одржат во националната установа Центар за култура, Крива Паланка.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Избор драми „Среќата е нова идеја во Европа“ од Плевнеш утре ќе се промовираат во Музејот на театарската уметност во Белград
-
Плевнеш во париски „Монд”
-
Уметнички портрет на Јордан Плевнеш по повод изборот за редовен член на Европската академија на науките и книжевностите
-
Чарлс Симиќ е годинешен лауреат на „Златниот венец“ на СВП