| четврток, 6 декември 2018 |

Почнува примената на петовалeнтните вакцини

Од денеска почнува примената на петовалентните вакцини. Дозите веќе се распределени до центрите за имунизација.

vakcina

Со едно боцкање бебињата ќе бидат заштитени од дифтерија, полио и од менингит. Вакцината е предвидена за новороденчиња кај кои процесот на имунизација веќе почнал. Во меѓувреме, над илјада бебиња во државата ја примиле шестовалентната вакцина.

Од август, кога почна нивната употреба, заврши и патешествието за родителите кои секој месец мораа да ги посетуваат Центрите за имунизација. Боцкањата од 13 се сведени на 7.

Шестовалетната содржи и хепатит Б, која ја нема кај петовалентната.

-Во Скопје се аплицирани 666 дози. Досега не е пријавена несакана реакција, освен локалните, кои се вообичаени во првите 24 часа и за нив родителите добиваат совети од тимовите во центрите за имунизација. Покрај за децата, бенефитот од овие вакцини имаат и здравствените работници што работат во центрите – вели д-р Татјана Баевска Вучковиќ, директор на Здравствен дом Скопје.

Според педијатрите, до 18-месечна возраст секое бебе треба да прими две шесто и две петовалентни вакцини. Нивната примена остава простор за воведување на нови вакцини во задолжителниот календар. Една од нив може да биде пневмококната, која сега е по избор. Од Министерството за здравство до центрите доставиле 600 дози. Таа може да ја добијат бебиња од два месеца до пет години и ги штити од опасната бактерија, која предизвикува тешки форми на пневмонија.

– Оваа бактерија се пренесува преку капков пат, а децата во градинките се изложени на тоа. Штити од пневмонија, високата фебрилност, воспаленија кои пак му сметаа на правилниот раст и развој на децата кој е најинтензивен кај оваа возраст – вели д-р Баевска Вучковиќ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top