| четврток, 6 декември 2018 |

Промоција на албумот „Песни на Вевчанската душа“

Музичкиот проект/албум „Песни на Вевчанската душа“ е производ на повеќегогодишно теренско и творечко истражување на Марјан Јанкоски во Вевчани…

Во ЦД-то се сместени десет вокално-инструментални композиции, испеани, мелографирани и аранжирани за голем камерен оркестар од страна на Марјан Јанкоски, идеен творец на целиот проект.

Марјан Јанкоски во моментот работи како професор на Музичката академија при УГД Штип и предава на модулот за народни инструменти. Целта на овој музички проект беше потребата за создавање на автентична музичка препознатливост и самоидентификација на Вевчанскиот крај.

Главни карактеристики кои го одликуваат овој музички проект се: посебност на пеаната мелодија типична за Вевчанскиот крај со оригинална нагласеност на вевчанскиот акцент и говор, ритамот и истакнувањето на авторскиот пристап и музичката разработка како главна карактеристика и посебност на ова музичко дело.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top