Сенаторите од Демократската партија на САД ја блокираа по втор пат резолуцијата, со која се отфрлува нуклеарниот договор со Иран, заштитувајќи ја клучната внатрешно-политичка иницијатива на претседателот Барак Обама.
Предложениот проект резолуција не успеа да ги собере неопходните 60 гласа. Против одлуката гласаа 41 сенатори.
Републиканците го организираа гласањето во Сенатот, за да добијат политичка предност пред демократите при идни избори за Сенатот. Тие се повикуваат на анкети, кои покажуваат дека Американците имаат резерви кон договорот. Претставничкиот дом на американскиот Конгрес минатата недела не ја прифати резолуцијата со која се дава поддршка на нуклеарниот договор со Иран.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.