Шпанија е првиот полуфиналист на Европското првенство во кошарка чија завршница се игра во Лил, Франција.
Во првиот четвртфинален натпревар, Шпанија ја доби епската битка со Грција со 73-71. Распоредот така сакаше, во раната фаза од Евробаскетот да се сретнат две репрезентации кои беа најголеми конкуренти за титулата, а тоа се должи на слабите игри на Шпанија во групната фаза кога претрпеа два порази.
Сепак „црвената фурија“ благодарејќи на феноменалниот По Гасол кој вечерва беше незапирлив постигнувајќи неверојатни 27 поени.
Грција и по високата негатива по завршување на втората четвртина (39-32), не се предаде и третиот период го одигра маестрално добивајќи го со 25-16 и преоѓајќи во водство пред последниот период од мечот.
Таму, Шпанија заигра фантастична одбрана успевајќи во првиоте осум минути да го запре нашиот јужен сосед на само четири поени, изнудувајќи неколку грешки на грчките кошаркари. Сепак Грција се обиде во последната минута при негатива од седум поени да дојде до сензационален кам-бек, но не успеа бидејќи Шпанија со прецизни удари од слободни фрлања не дозволи изненадување.
Покрај Гасол во тимот на „црвената фурија“ се истакна и натурализираниот Шпанец, Миротиќ со 18 поени. Кај поразените Грци Принтезис постигна 13, а Антетокоупо имаше даб-дабл ефект од 12 поени и 17 скока.
Следен ривал на Шпанија ќе биде подобриот од вечерашниот натпревар (21 часот) меѓу Латвија и домаќинот Франција.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Расистички скандал во Грција: Коментатор нарече црномурест играч „мајмун“
-
Нова демократија: Владата се наоѓа во распаѓање поради Договорот од Преспа
-
Воружен инцидент на границата со Грција: Војници на АРМ отвориле оган во обид да спречат поголема група мигранти да влезат на македонска територија!
-
УНХЦР: Расте бројот на мигранти и бегалци кои од Турција доаѓаат во Грција