Лицата што се родени во овој месец се внимателни и организирани, склони се кон истакнување на туѓите грешки, па сакаат да критикуваат, но сепак се лојални во секој аспект на животот.
Тивки се, но знаат да бидат и многу гласни кога е потребно. Сочувствителни се, загрижени и детални. Луѓе од доверба, верни и искрени. Со сигурност ја завршуваат доверената задача. Тие се вешти оратори и комуникатори и често се реализираат во научните, медиумските и во правните кругови. Генерално се скриени лидери.
Овие луѓе имаат добра меморија, паметни се, бараат што подобро образование и секогаш трагаат по нови информации.
Сакаат спорт, одмор и патувања.
Таинствени се, но полни со разбирање и лесно се мотивираат. Тешко ги покажуваат чувствата, повеќе сакаат да ги задржат за себе. Пребирливи се кога се во прашање врските. Во исто време се озборувачи и сакаат да знаат сè за секого.
Најлошата карактеристика на овие луѓе е што се склони кон развивање зависност, па затоа силно се препорачува да се држат настрана од алкохол и дрога.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



