| четврток, 6 декември 2018 |

Драма во Куманово: Со секира бркал таксист од паркинг-место

sekira krv

Гневен кумановец со секира нападнал таксист, откако таксистот му се заканил дека ќе му ги избуши гумите заради паркинг местото. За среќа секирата не го подогодила таксисото, но на местото ан настанот дошла поголема група луѓе да му помогнат на насилникот. Таксистот успеал да избега, но бегајќи удрил еден со груапата со автомобилот.

Според МВр вчера во 9,30 часот во Куманово на улица Борис Кидрич, настанала вербална расправија помеѓу С.Х.(39) од Куманово, такси возач и П.М.(21) од Куманово, околу поместување на возило, во која  П.М.  со секира замавнал кон С.Х. ( откако истиот се заканил на П.М. дека ќе му ги испушти гумите од возилото),  без да успее да го повреди.

По ова, на местото пристигнале седум-осум лица, од кои едно физички го нападнало С.Х. во пределот на лицето, додека друго лице му го скршило стаклото од возилото, а С.Х. го стартувал возилото и наместо да тргне напред, се вратил назад и најверојатно удрил во едно од лицата, по што се упатил во полиција и го пријавил случајот. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top