| четврток, 6 декември 2018 |

Ја застрелал девојката и ја оставил на пат да крвави

tepana zena

Дваесет и седумгодишна кумановка била застрелана од поранешното момче вчера попладне и била оставена на патот, сѐ додека не ја нашол случаен минувач.

Според МВР, во 14.15 часот, во полициската станица во Куманово од страна на граѓанин телефонски било пријавено дека на локалниот пат село Пчиња – Куманово, на место викано Менкова Колиба, забележал непознато лице со прострелни рани во нозете.

Полицијата излегла на местото на настанот и утврдила дека се работи за М.З.(27) од Куманово, која е пренесена во Медицински центар Куманово за укажување лекарска помош, но поради сериозноста на повредите е пренесена во Ургентен Центар Скопје. Од преземените мерки е дознаено дека околу 14.00 часот, во централното подрачје на Куманово, А.А.(37) ја пресретнал М.З. со која претходно бил во љубовна врска и насилно ја внел во неговото возило, по што ја однел на наведеното место каде што по настаната вербална расправија од пиштол истрелал неколку куршуми кон М.З., нанесувајќи ѝ повреди на двете потколеници.

Извршен е увид на местото на настанот, подигнати се три проектили за вештачење, а се преземаат мерки за пронаоѓање на А.А., кој се наоѓа во бегство.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top