| четврток, 6 декември 2018 |

Еврокомисијата без коментар за третманот на бегaлците во Унгарија

ek

Во Европската комисија денеска не сакаа да ги коментираат новите мерки на Унгарија против бегалците, ниту намерата на унгарските власти со сила да ги враќаат во Србија.

– Побаравме од Унгарија да ни ги разјасни новите закони и како ќе бидат применувани- изјави пред новинарите потпаролката на Eврокомисијата Наташа Берто, одговарајќи на прашањето дали сетот закони кој утрово стапи во сила е во согласност со европските правила.

Новите закони вклучуваат и поголеми овластувања за полицијата и за војската да ги спречат бегалците да влезат во Унгарија и затворски казни за оние што илегално ќе ја минат границата.

Берто рече дека нема да ги коментира законите додека не стигне објаснување од унгарските власти и додека европскиот комесар за внатрешни работи и миграциј, Димитрос Аврамопулос, не се врати од претстојната посета на Будимпешта.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top