Прометот во индустријата во јули годинава во однос на истиот месец лани е зголемен за 5,4 отсто, додека во споредба со јуни 2015 година е помал за 8,1 процент, соопшти Државниот завод за статистика.
Во периодот јануари-јули 2015 година, прометот во индустријата во однос на јануари-јули 2014-та пораснал за 8,3 отсто.
На домашниот пазар прометот во индустријата во јули 2015 во однос на јули 2014-та бележи пораст од 2,7 отсто, а на странските пазари за 6,3 проценти.
По сектори, прометот во Рударство и вадење камен е зголемен за 1,2 отсто, додека во Преработувачка индустрија за 5,6 проценти.
Според главните индустриски групи, прометот бележи пораст кај Енергија за 378,3 отсто, Интермедијарни производи, освен енергија за 4,8, Капитални производи за 23,4 и Tрајни производи за широка потрошувачка за 9,4, додека опаѓање бележи кај Нетрајни производи за широка потрошувачка за 7,7 проценти.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.