Гостиварската полиција го пронашла и го лишила од слобода Џ.И (21) од гостиварското село Дебреше, по кој се трагало откако од средината на август годинава, не се вратил на доиздржување на казната во КПУ „Охрид“.
Дваесет и едногодишниот Џ.И, се сомничи дека минатиот и овој месец на поширокото тетовско подрачје извршил дваесетина тешки кражби во трговски и други објекти и се соочува со кривична пријава.
Според информациите од СВР Тетово, осомничениот насилно ги провалувал објектите и најчесто од касите во внатрешноста одземал парични средства, како и други предмети
– Дел од одземените предмети, ноќеска околу полноќ пронајдени се во празен објект во Гостивар. При преглед на објектот, пронајдени биле : 4 женски фустани, 3 женски чанти, 1 блуза и 1 метална кутија за накит.Пронајденото е фотодокументирано и со потврда е одземено за вештачење, изјави денеска Марјан Јосифоски портпарол на СВР Тетово.
По приведувањето и задржувањето во Полициската станица Гостивар, Џ.И денеска тој е вратен во охридскиот затвор.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.