Полицајците од Берово фатиле затвореник од делчевското село Вирче кој избегал од затворот во Штип и во текот на минатата недела извршил 23 кражби во туристичката населба Абланица во беровско.
По 50-годишниот маж била распишана и потерница по бегството од затворот.
-Сите дела се утврдени врз основа на направените проверки, вештачења и други материјални докази. При претрес во домот на З.С. во с.Вирче биле пронајдени и одземени ножеви, секира, тесла, прехранбени продукти, ранец, торби и други предмети кои потекнуваат од извршените кривични дела. По приведувањето, бил извршен разговор, при што тој ги признал делата и објаснил како ги сторил – соопштија од МВР.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.