Стружанец бил фатен на Табановце со појас полн со пакети хероин, соопшти МВР.
Во соопштението на МВР се наведува дека Центарот за сузбивање организиран и сериозен криминал – Одделот за недозволена трговија со дрога во содејство со Царинската управа на Р. Македонија реализира случај на недозволена трговија со наркотична дрога – хероин, при што запленети се околу три килограми хероин, со што е пресечен меѓународен канал за недозволена трговија со хероин на релација од Р. Македонија до Р. Австија.
На 2.4.2013 година, по претходно добиено сознание за можен транспорт на хероин, во 20.25 часот на граничниот премин „Табановце“, на излез од Р. Македонија од страна на полициски службеници од ОНТД и службеници од Царинската управа на Р.М, извршен е преглед и контрола на патници во автобус со македонски регистерски ознаки кој сообраќал на редовна автобуска линија од Струга преку Скопје до Виена.
Од страна на Царинската управа на Р.Македонија е употребено службено куче за откривање наркотични дроги, при што кај лицето М.Р. (40 ) од Струга е детектирано присуство на наркотична дрога, по што кај истиот во пределот на стомакот околу половината пронајдени се пет пакувања со правоаголна форма облепени со селотејп исполнети со прашкаста материја со кафена боја и по направено тестирање на лице место, потврдено е дека се работи за наркотична дрога хероин.
М. Р. за транспортот требало да добие 2000 евра, од кои му се исплатени 500 евра како аванс пред патувањето, а останатиот дел од паричните средства требало да му биде исплатен откако ќе го изврши транспортот и хероинот ќе го предаде на Н.Н., лице кое требало да го пречека на меѓународната автобуска станица во Виена.
Пронајдената прашкеста материја е предадена на вештачење во Одделот за криминалистичка техника на Министерството за внатрешни работи. Запленетиот хероинот со висок квалитет на наркопазарот при продажба на мало би достигнал цена од 200.000 евра.
Од страна на ЦСОСК – ОНТД до ОЈО Куманово е поднесена кривична пријава против М.Р. поради постоење основано сомнение дека сторил кривично дело неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурзори, казниво по член 215 став 1 од Кривичниот законик на РМ. Истиот заедно со кривичната пријава во текот на денот ќе биде предаден на надлежен истражен судија за натамошна постапка.
ОНТД презема дополнителни мерки и активности заради целосно расчистување на случајот, утврдување и кривично правно санкционирање и на евентуално други инволвирани лица.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
МВР потврди: Лице од битолско виновен за оштетените камења на македонско-грчката граница
-
МВР: Добивме потврда од унгарското министерство дека Никола Груевски е во Унгарија и дека побарал азил
-
Во домот на скопјанец пронајдени хероин и кокаин
-
Кривична пријава за загрозување на сигурноста и ширење ксенофобичен материјал на социјални мрежи