Мора да се најде решение за прашањето за името, изјави Јоргос Кумуцакос, кандидат за пратеник на Нова демократија и поранешен европратеник.
На предизборен настан во Атина, Кумуцакос, кој е шеф на одделот за надворешна политика на Нова демократија, зборуваше за приоритетите на грчката дипломатија и за начините на кои неговата партија би ја водела грчката надворешна политика доколку дојде на власт по изборите на 20 септември.
Тој нагласи дека главните отворени прашања со кои грчката надворешна политика се соочува со декади, се „проблематичните“ односи со Турција, кипарското прашање и „прашањето за името на Скопје“.
– Мора да се најде решение за овие прашања. И Нова демократија ќе работи за постигнување на оваа цел со целосна гаранција за националните интереси, нагласи Кумуцакос.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.