| четврток, 6 декември 2018 |

Голем број бегалци од утринава чекаат да ја минат српско-унгарската граница

мигранти2

На граничниот премин „Хоргош 2“ утринава има голем број бегалци, кои од затворањето на границата, половина час по полноќ, чекаат да влезат во Унгарија, јави „Танјуг“ од самото место.

На локалните патишта бегалците и натаму пристигнуваат во групи, а оние што стигнале ноќеска, се  сместени во сопствени шатори, кои ги отвориле ноќеска .

Унгарската државна телевизија „М1“ јавува дека бегалците, кои успеале да ја минат границата меѓу Србија и Унгарија, со воз ќе бидат префрлени кон западната граница на оваа земја.

„Танјуг“ наведе дека утринава во 4 часот на железничката станица во Реске е поставен воз со 16 вагони во кој постојано се качуваат бегалци и чие тргнување се очекува во утринските или во претпладневните часови.

Кај преминот Хеѓешхалом вчера во Австрија преминаа околу 13.000 бегалци, додека утринава, следени од полицијата, со воз пристигнаа уште околу 1.500 бегалци, а се очекува доаѓањето на уште еден воз.

Собирниот центар во Реске, како што се наведува, е празен, а го напуштиле и претставниците на хуманитарните организации.

За тоа време, од другата страна на оградата, во Србија, кај Хоргош, расте бројот на бегалци откако во текот на ноќта во сила стапи значително построгиот унгарски закон за државаната граница кој, меѓудругото, предвидува казна затвор до три години за оние што илегално ќе ја минат границата.

Самата граница е и физички затворена, откако, по изградбата на оградата, беше затворен и последниот премин што  го користеа бегалците, а тоа е пругата Суботица – Сегедин, на која вчера во попладневните часови беше поставен вагон со бодликава тел.

Во текот на вчерашниот ден беше соборен уште еден неславен рекорд во Унгарија според бројот на илегални преминувања на границата, регистрирани беа 9.380 илегални преминувања, поднесени 13 пријави за шверцување луѓе и отворени пет постапки за фалсификување документи.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top