| четврток, 6 декември 2018 |

Макс Струмица посакува двата меча против Хаукар да се играат на исто место

maks strumica

Македонскиот ракометен вицепрвак, Макс Струмица откако го дозна противникот за втората фаза во ЕХФ Купот по победата на Хаукар над Бозен, управата на клубот му предложиле на исландскиот клуб Хаукар двата натпревара да се одиграат на исто место, или во Скопје или во Хафнарфјордур.

Со овој потег раководството на тимот сака да ги поштеди своите играчи од напорните патувања за двата меча, со оглед на големата дестинација, бидејќи по гостувањето на Исланд, за само седум дена треба да се игра реваншот во Скопје.

Првиот меч е предвидено да се игра на гости кај Хаукар и е закажан за 10/11 октомври, додека реваншот треба да биде една седмица подоцна, на 17/18 октомври.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top