| четврток, 6 декември 2018 |

Бакрачески од денеска и официјално во градоначалничката фотелја во Охрид

Новиот градоначалник на Охрид, доктор Никола Бакрачески денес и официјално ќе седне во градоначалничката фотелја, јавува „Охрид прес“.

Четиригодишниот мандат на Бакрачески го верификува и Државната изборна комисија, потпишувајќи го решението со кое тој стапува на новата должност.

Претходно, доктор Бакрачески беше директор на Заводот за кардиоваскуларни заболувања во Охрид, а ќе го наследи Александар Петрески, кој раководеше со општината во изминатите осум години.

Д-р Никола Бакрачески победи во првиот изборен круг со освоени 21.004. гласови, наспроти 13.250 гласови колку што освои најголемиот конкурент и досегашен градоначалник во два мандати Александар Петрески од „Сојузот за иднината“.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top