| четврток, 6 декември 2018 |

Во подготовка проект за развој на туризмот со средства од ИПА

OLYMPUS DIGITAL CAMERA

Подготовките на проектот за поттикнување на развојот на туризмот на локално и на регионално ниво беше тема на денешната средба на државниот секретар во Министерството за локална самоуправа, Билјана Цветановска-Гугоска со претставници на Светска банка.

Како што соопштија од Министерството за локална самоуправа, проектот ќе се финансира со средства од ЕУ, од ИПА компонентата за локална и регионална конкурентност, а ќе го имплементира Светска банка.

Цветановска Гугоска истакна дека на регионално ниво во Република Македонија веќе постојат институционални капацитети како што се центрите за развој на планските региони, а во нивни рамки бизнис центрите и мрежите за инклузивен развој кои што можат да дадат значителна поддршка во процесот на подготовка и имплементирање на проектот.

Од Министерството за локална самоуправа посочуваат дека имплементира проект за поттикнување на руралниот туризам, што, сметаат дека треба да се земе предвид при конципирањето на новиот проект, кој има амбиција да се имплементира во четири тематски, функционални региони и делумно да ги опфати сите осум плански региони во државата.

– Општините во Република Македонија и центрите за развој на планските региони преку имплементација на проекти од Програмите за рамномерен регионалнен развој, развој на подрачјата со специфични развојни потреби и развој на селата, веќе имаат солидно искуство во реализација на проекти, но исто така имаат подготвено и проектна документација што значително може да ја олесни имплементацијата на проектот и да гарантира резултати, рече Цветановска.

Претставниците од Светска банка истакнаа дека деталите за проектот сеуште се договараат со претставниците на надлежните институции. Извесно е дека за средства од проектот со свои проекти ќе можат да аплицираат центрите за развој на планските региони и општини, а искуствата од овој проект ќе помогнат во подготовката на новата национална стратегија за развој на туризмот во Република Македонија, се наведува во соопштението од Министерството за локална самоуправа.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top