Невработеноста кога ВМРО-ДПМНЕ дојде на власт во 2006-та беше 38 проценти, а заклучно со вториот квартал годинава е 26,8 проценти и е на најниско ниво од независноста на Македонија. Тоа е резултат на постојано работење на Владата за отворање нови работни места преку поддршка на домашните компании или пак со создавање добри бизнис услови и привлекување на странски компании, изјави премиерот Никола Груевски на стартот на градежните работи на новата фабрика на италијанската фирма „Кондево“ во ТИРЗ зоната во Штип.
– Јас ќе ве потсетам дека невработеноста во РМ во времето на доаѓање на оваа Влада од 2006 година изнесуваше близу 38 проценти со што имавме највисока, рекордна тогаш невработеност. Последниот податок од Државниот завод за статистика од минатата недела покажува дека заклучно со вториот квартал, што значи до 30 јуни невработеноста е намалена од тие 38 на 26,8 отсто. Тоа е прво резултат на континуирано намалување на секој квартал од кога е дојдена оваа Владата, секој квартал дури и во време на најголемата светска криза во 2008, во 2009, 2010 година, дури и во време на силната европската должничка криза во 2011, 2012, па и во 2013 година па дури и во тие времиња секој квартал имавме помали или поголеми намалувања на невработеноста, рече премиерот Груевски.
Според него, ако се следат податоците квартал по квартал некогаш невработеноста е намалена за нула еден, некогаш нула два отсто, а овој пат за нула пет последниот квартал.
– Невработеноста се намалуваше и постојано и постојано се намалуваше, затоа што постојано и постојано се работеше на отворање на нови работни места, независно дали е тоа со поддршка на домашните компании од страна на Владата и создавање на добри услови за правење на бизнис или пак со привлекување на странски компании. Па така дојдовме до ситуација на сегашната невработеност која сеуште е висока и сеуште треба да работиме на нејзино намалување и тоа ќе го правиме, но сегашната невработеност дојде на ниво кое е најниско од добивањето на независност на РМ. Ние ќе продолжиме по тој пат, ќе продолжиме да ја намалуваме неваботеноста преку сите мерки коишто ги преземаме, преку, пред се, градењето на добра бизнис клима, градењето на добри услови за бизнис, прилагодувањето на законите и тоа за она што е најдобро за компаниите домашните и странските активниот ангажман на голем број владини функционери за привлекување на овие инвестиции, порача премиерот Груевски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Орбан: Немам време да дишам, а не пак да се сретнам со Груевски
-
Орбан: Сорос е впуштен во прогонот против Груевски, а тој е мој соработник!
-
Груевски: Добив сознание дека ми се подготвува ликвидација
-
Коалицијата „Сите за правично судење“ ја оспорува професионалноста на МВР за обезбедување на Груевски