Во Музејот на македонската борба за државност и самостојност, вечерва со почеток во 20 часот, концерт ќе одржи камерниот мешан хор „Про арс“, под диригентство на Сашо Татарчевски.
Речиси сите дела кои ќе ги изведе хорот ќе дожиеват своја македонска премиера. На програмата се дела од Теа Богатинова, Вања Николовски-Ѓумар, Бојана Петровиќ, Живојин Глишиќ, Фердинанд Вајс, Тихомир Јовиќ и Бенедикт Бургхард.
Концертот е во рамки на манифеставијата „Денови на македонска музика“ која се одржува деветта година по ред.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.