| четврток, 6 декември 2018 |

Шарли Ебдо повторно ја бранува јавноста

marokoКарикатуристите на „Шарли Ебдо“ повторно се најдоа во центарот на вниманието и ја разбрануваа муслиманската јавност откако во два наврата ја употребија смртта на малиот Ајлан Курди како мотив во своите цртежи. Со „играњето“ со симболот на бегалската криза, осум месеци по терористички напади што се случија во седиштето во Париз во јануари, францускиот сатиричен магазин повторно наиде на остри реакции во муслиманскиот свет.

„Криејќи се зад слободата на говорот, Шарли Ебдо ја исмејува смртта на Ајлан Курди, кој неодамна беше пронајден мртов на турската плажа, во две навредливи цртежи“- пишуваат медиумите во Мароко.

first-drawingНасловен како „многу блиску до целта“ првата карикатура Ајлан лежи со лицето во песок во близина на рекламна табла за „2-за-1 Мекдоналдс оброк“ допишувајќи „Две детски менија по цена од еден“.
second-cartoonВториот цртеж е насловен „Доказ дека Европа е христијанска“.  Тоа покажува мало дете се дави во вода. На левата страна, човек, наводно Исус стои на вода, велејќи: “Ние Христијаните одиме по води. Муслиманските деца тонат“.

„Шарли Ебдо“ за овие цртежи доби остри критики на социјалните мрежи.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top