| четврток, 6 декември 2018 |

Нови обвиненија против Сеп Блатер!

sep blater

Некогашниот советник во Светската фудбалска федерација (ФИФА), Марк Пит го обвини денеска првиот човек на оваа организација во заминување, Сеп Блатер дека ги продавал телевизиските права за светските првенства во 2010 и 2014 под реалната цена на Џек Ворнер.
Пит кој е професор по кривично право рече дека Блатер треба и по тоа прашање да биде под кривична истрага.
Блатер во 2005 година во името на ФИФА потпишал договор со Ворнер кој тогаш бил претседател на карпискиот фудбалски сојуз за сума од 600.000 евра за правата на пренос за Светските првенства во 2010 и 2014 година.

Подоцна, Ворнер истите тие права ги препродавал преку своите семејни фирми за повеќе од 20 милиони евра. Истиот тој Ворнер во САД е обвинет за корупција, и дал изјава дека тие права ги купил испод цена со цел да му помогне на Блатер да добие ги добие гласовите за изборите за претседател на ФИФА.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top