УНИЦЕФ го поздрави зголемувањето на обврските од страна на европските лидери за поддршка на бегалците и мигрантите – обврски што сега треба да покренат итна акција од страна на сите земји-членки на ЕУ за целосна заштита децата.
Досега оваа година, децата веќе сочинуваат една четвртина од сите баратели на азил во Европа. Во првите шест месеци од 2015 година, 106.000 деца побарале азил во ЕУ, главно од Сирија, Ирак и Авганистан – пораст за речиси 75 отсто од 2014 година.
„Заштитата на децата-бегалци и мигранти од повредување, особено сега, кога се приближува зимата, треба да биде во сржта на одговорот на Европа“, рече Јока Брант, заменик-извршен директор на УНИЦЕФ, говорејќи пред клучниот состанок на Европската унија в понеделник, на кој ќе се разгледуваат следните чекори во бегалско-мигрантската криза.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.