Кога бил на самиот врв, Пабло Ексобар имал приходи од 420 милиони долари неделно. Десет проценти од парите кои ги заработувал, биле јадени од глувци, уништувани од вода, или едноставно губени.
Шефот на наркокартелот на колумбискиот Меделин, со ова претставува еден од најбогатите наркобосови во историјата.
Со оглед на тоа што неговото богатство растело вртоглаво брзо, тој голем дел од парите криел по колумбиските полиња, стари хангари, па дури и во ѕидовите на куќите на членовите на картелот.
-Пабло заработуваше толку многу, што секоја година моравме да пречкртуваме 10 проценти од парите, бидејќи беа јадени од глувци, уништувани од вода, или едноставно губени, објаснувал братот на Ескобар, во книгата “Приказните на сметководителот: Внатре во насилниот свет на картелот Меделин”.
Имено, неговиот брат бил и негов сметководител, а Ескобар имал повеќе пари отколку што знаел, па не му било проблем доколку биле уништени од глувци или влага.
Хуан Пабло Ескобар, единствениот син на нарко-босот, во интервју од 2009 година за списанието “Don Huan”, тврдел дека неговиот татко запалил два милиони долари за да се загреат додека биле во бегство.
Во својата книга, Роберто објаснува дека картелот трошел по 2.500 долари месечно само на ластици за пакување на пари.
На врвот од својата моќ, Пабло Ескобар шверцувал по 15 тони кокаин дневно во САД и држел повеќе од 80 проценти од светската испорака на таа дрога.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.