Популарното италијанско градско дерби „Дела Мадонина“ меѓу екипите на Интер и Милан им припадна на „нероаѕурите“ со 1-0. Единствениот гол за домаќините го постигна Фреди Гуарин во 58 минута, иако овој натпревар можеа да слават и миланезите ако ги искористеа шансите во првото полувреме, но и по примениот гол во самиот финиш од мечот.
Тренерот на Интер, Роберто Манчини, е презадоволен од постигнатиот резултат и од 100-процентниот учинок од одиграните три кола во Серија А.
– Тоа е тоa. Интер знае да победува. Имавме игра која ни донесе резултат, иако наредниот период мора да се коригираат некои нешта – вели Манчини.
Но, и покрај поразот од 1-0, задоволен беше и стратегот на Милан, Синиша Михајловиќ.
– Мислам дека не заслуживме пораз. Разликата е само во тоа што тие успеаја да постигнат гол, а ние не. Штета што загубивме, но мора да кажам дека конечно повторно го пронајдов својот тим – рече Михајловиќ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Новиот сопственик на Милан под истрага, ќе се испитува продажбата на клубот
-
Италијански медиуми: Пепе Реина од следната сезона ќе го брани голот на Милан
-
Прекинато големото дерби, претсеателот на ПАОК влезе на теренот со пиштол (Видео)
-
Милан тргна по Бразилецот Линколн, нуди 30 милиони евра за фудбалерот на Фламенго