| четврток, 6 декември 2018 |

Документарниот филм „Поет на револуцијата“ за Монгани Вали Сероте вечерва во Кинотека

Промоција на документарниот филм „Поет на револуцијата“ по сценарио и режија на Диме Ратајкоски, уредникот на првиот програмски сервис на Македонската радио-телевизија, ќе се одржи вечерва во 20 часот во Kинотеката на Македонија. Филмот е посветен на јужноафриканскиот поет Монгани Вали Сероте, минатогодишниот добитник на „Златниот венец“ на Струшките вечери на поезијата.

– За мене претставуваше особена чест да работам на еден ваков проект кој го прикажува животот и творечкиот опус на еден од најреномираните африкански поети и револуционери против власта на апартхејдот. Се надевам дека сиот мој труд и целосното вложување што го посветив на овој документарен филм ќе ги воодушеви гледачите, исто како што и мене ме инспирира и ме воодушеви ликот и делото на поетот кој е од големо значење за културата во светот – рече Ратајкоски.

Филмот е во комплетна продукција на Македонската радио-телевизија и претставува продолжение на низата поетски портрети што секоја година Македонската телевизија ги посветува на добитниците на престижната награда „Златен венец“.

Вали Сероте е добитник на многу престижни награди, меѓу кои значајната „Нома“, награда за издаваштво во Африка.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top