Германските полицајци ги објавија првите фотографии од проверките на пасошите на границата со Австрија по, како што наведува Франс прес, шокантната објава на Берлин да воведе привремена контрола на границата за да се сопре масовниот прилив на бегалци.
Франс прес пренесува дека на преминот Фрајласинг сопрени се тројца бегалци на кои им биле проверени документите.
Стотици германски полицајци се мобилизирани да спроведуваат контрола на границата, соопшти портпаролот на германската федерална полиција.
Министерот за внатрешни работи на Германија, Томас де Мезијер, претходно рече дека оваа одлука веднаш стапува на сила.
– Германија привремено повторно воведува контрола долж внатрешната граница (на ЕУ). Фокус во почетокот ќе биде границата со Австрија – рекол Мезијер на конференцијата за новинари.
Потегот на Германија е во спротивност со принципите на шенгенската зона, која дозволува слободно движење меѓу европските држави. Сепак, овој договор дозволува и привремена суспензија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.