Триесет и четири бегалци се удавија денеска во близина на брегот на грчкиот остров Фармакониси, на околу 15 километри од турскиот брег.
Дрвениот брод, со кој патувале емигрантите, се превртел рано денеска на околу три милји источно од островот, најверојатно поради силниот ветер.
Меѓу жртвите има четири бебиња, шест момчиња и пет девојчиња. Ова е најтрагичниот инцидент во грчките води од почетокот на бегалската криза.
Шеесет и осум лица биле спасени од грчката крајбрежна стража, а други 30 успеале да доплуват сами до Фармакониси.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.