| четврток, 6 декември 2018 |

„Акустик Сквер Фестивал 2015“ викендов во Скопје

И оваа година продолжува четвртото издание на манифестацијата „Акустик Сквер Фестивал 2015“. Викендов на летната сцена на платото пред конгресниот центар Александар Македонски, како дел од програмата за култура на Град Скопје.

Во рамките на четвртото издание на манифестацијата Акустик Сквер Фестивал, организаторот ЈУ Конгресен Центар Александар Македонски продолжува со поддршка на младите македонски музичари давајќи им шанса  не само да го покажат својот талент, туку и да настапат на професионална сцена и своите авторски песни да ги добијат снимани на носач на звук.

-Оваа година, благодарение на соработката со две одлични музички школи, Енсо Школо за гитара и „Кредо мјузик“ (Credo Music), како и младиот рок бенд  “Kolt”, ќе имаме извонредна програма, велат организаторите.

Настапувачи оваа година се: Оливер Јаниќиевиќ – гитара, Трајче Димов – класична гитара, Nervol – две гитари и кахон, Оливер Јаниќијевиќ и Кристијан Христов – две гитари, Rock Band “Kolt”, Credo Band.

Комплетниот фестивал, се снима професионално  на носач на звук со што ќе се документира авторскиот музички потенцијал на младите учесници, што всушност е и една од целите на „Акустик Сквер Фестивал“.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top