| четврток, 6 декември 2018 |

Црвената фурија ја декласира Полска за дерби со Грција

Шпанија ќе игра во четвртфиналето на Евробаскетот против Грција, по победата со Полска од 80-66. Пау Гасол беше незадржлив со 30 поени и 7 скока, а „црвената фурија“ ја направи разликата во последниот период.

Предводени од Гасол Шпанците го добија последниот период со 25-11, или 14 поени, колку што беше позитивата на фаворитот на крајот од мечот.

Никола Миротиќ беше одличен со 15 поени и 8 скока, а Серхио Љуљ забележи 12 поени. Кај Полјаците само Кулиг имаше двоцифрен учинок во поени, точно 10.

[pau

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top