фото: Региони.мк
Зголеменото ниво на Охридско Езеро предизвика проблеми на крајбрежјето и поплави неколку куќи во Пештани. Поплавени се и поголемиот број плажи, а екологистите стравуваат од евентуално излевање на веќе оптоварениот колекторски систем.
фото: Охрид њуз
Од Центарот за управување со кризи информираат дека нивото на езерото во последните два дена е непроменето и е за 21 сантиметар поголемо од максималната кота.
Нивото на езерото значително се покачи поради интензивните врнежи што го зафатија регионот изминатиот период.
Охриѓани повеќе пати досега апелираат навремено да се регулира истекот на Охридско Езеро за да не се повторат поплавите од пред неколку години. Тие стравуваат од посериозни поплави поради најавите за нови интензивни врнежи во следните денови.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




