Унгарската камерманка Петра Ласло ја заслужи улогата на една од најморазените личности на планетата, откако на непримерен начин сопна бегалец од Сирија на унгарската граница.
Приказната доби дополнителна доза на трагедија, бидејќи човекот во рацете го држеше својот 7-годишен син. Ласло е суспендирана од работа, а се најавува и истрага по која би можела да заврши во затвор. Сопнатиот човек е Осама ел Абд ел Мохсех, познат фудбалски тренер во Сирија. Го препознаа неговите сонародници, откако излегоа фотографиите на интернет.
Ел Мохсех го предводел клубот „Ел Фотува СЦ“, член на најквалитетната сиријска фудбалска лига. Тој изјави дека е обичен човек, кој со своето семејтво бегал од военото подрачје.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.