Турција планира да ги забрани „религиозните симболи“ во јога центрите низ земјата, бидејќи предизвикуваат немир кај луѓето, што ја практикуваат оваа дисциплина, пренесува ДПА.
Забраната ќе се однесува на симболите, што често се поврзуваат со јогата, како симболот на Буда и одредени видови мантри, фотографии и музика, наведува весникот „Хуриет“.
Ограничувањето ќе биде воведено од министерството за спорт, бидејќи според спортските работници религијата не треба да биде дел од спортот.
Според претседателот на федерацијата за јога во Турција јогата не е религија и се користат симболи, кои се едни и единствени за целиот свет, без врска со ниту една религија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.