– ЏПС-системот за половина час може да ги донесе клучните одговори во случајот со сообраќајната несреќа на новинарот Никола Младенов. Преку сигналот на мобилниот телефон на газдата на „Фокус“ лесно ќе се утврди каде се движел, со кого зборувал и дали во негова близина бил активиран друг мобилен приемник, вели поранешниот разузнавач Владимир Пивоваров за „Утрински весник“.
Пивоваров објаснува дека секој мобилен телефон има свој пин-код и уште еден код, кој е од самата картица и тој се менува, но кодот во апаратот не може да се смени.
– Во Петтата управа на УБК преку сигналот на мобилниот телефон можеле да добијат клучни податоци со нулта точност – објаснува професорот на Факултетот за детективи и безбедност на ФОН.
Пивоваров истакна две можности како се случила несреќата, а за кои сè уште нема официјален одговор. Една е поради големата брзина и можна деконцентрација во моментот на несреќата возилото да удрило во левата банкина од цемент и нагло свртело на десната страна, по што ја пробило металната банкина и паднало во ендек, а втората – во несреќата да учествувало уште едно возило. Полицијата ги испитува и двете можности.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
ОЈО по допрен глас отвори истрага: Ќе се гонат тие што пишуваат на Фејсбук за пожарот во Грција
-
Истрага во Србија за македонска надри-лекарка Слаѓана Велков и за Јелена Карлеуша
-
Случај „Јелка Масин“: Ќерката воопшто не била повикана на разговор во Обвинителството
-
Поранешен градоначалник на Центар под истрага за мостот Око


