Во Домот на млади во Штип, денеска и утре со ”Недела на Француски и Шпански филмови”, продолжува Второто издание на Фестивалот на европски филмови во градовите низ Македонија “Festival on wheels 2015”.
Денеска ќе бидат прикажани францускиот наградуван филм ‘’Gare du Nord’’ и шпанската хорор-комедија ‘’ Witching & Bitching’’, додека утре во рамките на детското матине најмладите ќе имаат можност да го погледнат детскиот филм ‘’Amazonia’’, а во вечерните часови францускиот филм ‘’Oceane’’ копродукциски акционен хит „Blood Ties“.
Фестивалот e во организација на Катавеј од Скопје , со поддршка од Агенцијата за филм на РМ и во соработка со Домот на млади во Штип.
Фестивалот има свои изданија во 5 градови во Македонија – Струга, Дојран, Штип, Куманово и Прилеп. Во секој град ќе се одржуваат тематски проекции на филмови од различни европски филмски центри, со тематски филмски работилници водени од еминентни филски работници, како и неделно детско матине со проекција на анимирани филмови.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.