| четврток, 6 декември 2018 |

Конгресмените не го поддржаа договорот со Иран

us congressПретставничкиот дом на американскиот Конгрес во петокот не ја прифати резолуцијата со која се дава поддршка на нуклеарниот договор со Иран, медиумите оценуваат дека станува збор само за симболично гласање кои го протуркале републиканците кои се противат на договорот.

Во строго партиското гласање, членовите на Претставничкиот дом со 269 гласови „против“ и 162 „за“ ја отфрлија резолуцијата, со што републиканците го нагласија своето противење на договорот, и покрај фактот дека демократите на гласањето во четвртокот во Сенатот го блокираа обидот на републиканците договорот со Иран целосно да пропадне во Конгресот.

Во уште едно симболично гласање во петокот Претставничкиот дом со 147 наспроти 186 го потврди предлог законот кој ќе го спречи претседателот Барак Обама да ги намали или да ги укине санкциите според одредбите од нуклеарниот договор.

Мич Мекконел, челник на републиканското мнозинство во сенатот, веднаш по гласањето во четвртокот презема чекори за тоа прашање во Сенатот повторно да биде разгледано во надеж дека некои сенатори од редовите на демократите идниот пат поинаку ќе гласаат.

amerikanski kongresКонгресот на САД, според законот кој Обема го потпиша во мај годинава, има на располагање рок од 60 дена, кој истекува на 17-ти септември, да ја усвои одлуката со којашто го отфрла споменатиот договор склучен меѓу Иран и шесте светски сили, САД, Русија, Кина, Велика Британија, Франција и Германија.

Доколку таквата одлука биде усвоена и го преживее најавеното вето на Обама, таа на претседателот на САД ќе го оневозможи да укине многу од санкциите против Иран, што е клучен елемент од договорот за иранската нуклеарна програма.

Меѓутоа, нема сигнали дека некои од сенаторите ќе го променат мислењето, а Хари Рејд, лидер на демократите во Сентот, јасно одговори дека „со тоа прашање е завршено“.

Предлогот на републиканците е отфрлен и покрај интензивната кампања за отфрлање на договорот на којашто беа потрошени 40 милиони долари коишто во поголемиот дел ги обезбедија конзервативните произраелски лоби групи.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top