| четврток, 6 декември 2018 |

ОН ризикува да се претвори во Театар на комедиjа

Добредојдовте во надреалниот свет на Обединетите нации, каде што резолуциите се ставаат на маса повеќе за ефект отколку исход, а дипломатите ги планираат своите изливи на гнев однапред. Тоа е игра со која се ризикува преостанатиот кредибилитет на ОН, која оваа година слави 70 години од нејзиното основање

Ве­то­то на Ру­си­ја на ре­зо­лу­ци­ја­та на ОН да се фор­ми­ра три­бу­нал за со­бо­ру­ва­ње­то на ма­ле­зи­ски­от ави­он со лет „MH-17“ прив­ле­че бес, но бе­ше и це­лос­но оче­ку­ва­но. По­сто­ја­ни­те член­ки не тре­ба да го ко­ри­стат Со­ве­тот за без­бед­ност на ОН во обид да се по­сра­мо­тат про­тив­ни­ци­те.

Бри­тан­ски­от ам­ба­са­дор во Обе­ди­не­ти­те на­ции, Мет­ју Рај­крофт, ги опи­ша на­ста­ни­те од ми­на­та­та не­де­ла, ко­га Со­ве­тот за без­бед­ност на ОН пред­ло­жи да се фор­ми­ра ме­ѓу­на­ро­ден три­бу­нал за со­бо­ру­ва­ње­то на ма­ле­зи­ски­от ави­он со лет „MH-17“ над Укра­и­на пред точ­но ед­на го­ди­на, ка­ко жа­лос­ни, фру­стри­рач­ки и раз­о­ча­ру­вач­ки.

По­ве­ќе­то член­ки на Со­ве­тот за без­бед­ност се сог­ла­си­ја де­ка тре­ба да се фор­ми­ра та­ков три­бу­нал, освен Ру­си­ја, ко­ја го упо­тре­би сво­е­то ве­то за да се оси­гу­ри де­ка ре­зо­лу­ци­ја­та не­ма да ус­пее. Тоа зна­чи де­ка не­ма прав­да за 298 пат­ни­ци кои ги за­гу­би­ја жи­во­ти­те, не­ра­зу­мен ис­ход што си­гур­но ќе ја раз­бу­ди све­ста на си­те ам­ба­са­до­ри.

Единс­тве­на­та преч­ка е тоа што, иа­ко гне­вот на ам­ба­са­до­рот Рај­крофт бе­ше искрен, су­ди­рот со Ру­си­ја што го тол­ку го воз­не­ми­ри бе­ше, исто та­ка, крај­но пред­вид­лив.

Др­жа­ви­те, ка­ко што е Ве­ли­ка Бри­та­ни­ја, што ја под­др­жаа ре­зо­лу­ци­ја­та, уште од по­че­ток зна­е­ја де­ка Ру­си­ја ни­ко­гаш не­ма да ја при­фа­ти, но се­пак го сто­ри­ја тоа иа­ко зна­е­ја де­ка нив­ни­те на­по­ри не­ма да ус­пе­ат.

До­бре дој­до­вте во на­дре­ал­ни­от свет на Обе­ди­не­ти­те на­ции, ка­де што ре­зо­лу­ци­и­те се ста­ва­ат на ма­са по­ве­ќе за ефект откол­ку ис­ход, а дип­ло­ма­ти­те ги пла­ни­ра­ат сво­и­те из­ли­ви на гнев од­на­пред.

Тоа е игра со ко­ја се ри­зи­ку­ва пре­о­ста­на­ти­от кре­ди­би­ли­тет на ОН, ко­ја оваа го­ди­на сла­ви 70 го­ди­ни од сво­е­то ос­но­ва­ње.

Кри­ти­ки­те за со­ста­вот и за функ­ци­и­те на Со­ве­тот за без­бед­ност на ОН се ле­ген­да и до­се­га до­бро се спра­ву­ваа со нив.

Пет­те по­сто­ја­ни член­ки на ор­га­ни­за­ци­ја­та, т.н. гру­па П5, со­ста­ве­на од Ве­ли­ка Бри­та­ни­ја, Ки­на, Фран­ци­ја, Ру­си­ја и САД, прет­ста­ву­ва­ат по­ре­док соз­да­ден по Вто­ра­та свет­ска вој­на, кој не са­мо што е за­ста­рен, ту­ку и го иг­но­ри­ра по­сто­е­ње­то на Афри­ка и на Ла­тин­ска Аме­ри­ка.

Кри­ти­ча­ри­те твр­дат де­ка Со­ве­тот за без­бед­ност е пла­тфор­ма за вче­раш­ни­от на­ме­сто за утреш­ни­от свет. Тој не ну­ди про­стор за по­стој­ни­те го­ле­ми си­ли ка­ко Гер­ма­ни­ја или Ја­по­ни­ја, или за рас­теч­ки­те си­ли ка­ко Бра­зил, Ин­ди­ја и Јуж­на Афри­ка.

Во те­о­ри­ја, Ге­не­рал­но­то со­бра­ние на ОН не стра­да од овој ос­но­вен не­до­ста­ток на де­мо­крат­ски ле­ги­ти­ми­тет: Та­му се­ко­ја член­ка има ед­на­ква по­зи­ци­ја, па та­ка Ки­на има исто пра­во на гла­са­ње ка­ко, на при­мер, Ре­пуб­ли­ка На­у­ру, остров од 21 ква­дра­тен ки­ло­ме­тар кој брои на­се­ле­ние од 9.500.

Но, со де­мо­кра­ти­ја­та до­а­ѓа и ха­о­сот: Ед­наш го­диш­но, се­кој сеп­тем­ври, ор­га­ни­за­ци­ја­та се транс­фор­ми­ра во ви­стин­ски ха­ос ме­ѓу си­те ли­де­ри во све­тот, си­те се бо­рат за вни­ма­ние, а не за мир.

 

Ко­ме­ди­ја­та во ОН

Да­ле­ку од обез­бе­ду­ва­ње ко­хе­рент­ност, Ге­не­рал­но­то со­бра­ние обич­но обез­бе­ду­ва бесп­лат­на за­ба­ва.

Та­ков е слу­ча­јот со пре­тсе­да­те­лот на Ве­не­цу­е­ла, Ху­го Ча­вез, кој во 2006 го­ди­на го поч­на сво­јот го­вор пред со­бра­ни­е­то на­ре­ку­вај­ќи го пре­тсе­да­те­лот на САД, Џорџ Буш, „ѓа­во­лот чиј ми­рис сѐ уште е при­су­тен во про­сто­ри­ја­та“.

Мал­ку­ми­на мо­жат да за­бо­ра­ват на ли­би­ски­от ли­дер Мо­а­мер Га­да­фи, кој во 2009 го­ди­на го над­ми­на вре­ме­то од 15 ми­ну­ти што се­кој ли­дер го има­ше за го­вор за 70 до­пол­ни­тел­ни ми­ну­ти со на­стап кој вклу­чу­ва­ше ки­не­ње на ко­пи­ја од ос­но­вач­ка­та По­вел­ба на ОН и фр­ла­ње на стра­ни­ци­те во пуб­ли­ка­та.

Дол­ги го­ди­ни де­се­ти­ци ли­де­ри при­ре­ду­ваа ви­стин­ски спе­ктакл ко­га ја на­пу­штаа со­бра­ни­ска­та са­ла се­ко­гаш ко­га иран­ски­от пре­тсе­да­тел Мах­муд Ах­ма­ди­не­џад ќе поч­не­ше да го­во­ри за ед­на од не­го­ви­те смеш­ни те­о­рии на за­го­вор во вр­ска со „из­мис­лу­ва­ње­то“ на Хо­ло­ка­у­стот.

Но, нај­не­за­бо­рав­ни­от на­стан во оваа спе­ци­јал­на ка­те­го­ри­ја на ко­ме­дии во ОН му при­па­ѓа на со­вет­ски­от ли­дер Ни­ки­та Хруш­чов, кој за вре­ме на го­диш­на­та пле­нар­на сед­ни­ца на Ге­не­рал­но­то со­бра­ние во 1960 го­ди­на го из­ва­ди сво­јот че­вел и го трес­на на ма­са­та во знак на про­тест про­тив прет­став­ни­кот на Фи­ли­пи­ни­те, кој Хруш­чов јав­но го на­ре­ку­ва­ше „шу­трак“. На­вод­но, бри­тан­ски­от пре­ми­ер Ха­ролд Мек­ми­лан поч­нал да се ки­ко­ти ка­ко и по­ве­ќе­то во про­сто­ри­ја­та и по­ба­рал пре­вод за го­во­рот на со­вет­ски­от ли­дер.

Но, се­пак, иа­ко оваа ни­за на жал­би и смеш­ни анег­до­ти сѐ уште е дла­бо­ко вре­жа­на во ме­мо­ри­ја­та на лу­ѓе­то и не при­до­не­су­ва за по­до­бру­ва­ње­то на ре­пу­та­ци­ја­та на Обе­ди­не­ти­те на­ции, не тре­ба да се сфа­ќа прем­но­гу се­ри­оз­но.

 

Се уш­те ко­рис­но и ре­ле­вант­но

И по­крај си­те ко­ме­дии и гре­шки, Ге­не­рал­но­то со­бра­ние сѐ уште си ја вр­ши ра­бо­та­та што му се до­де­ли по ос­но­ва­ње­то на ОН во 1945 го­ди­на: да би­де пар­ла­мен­тот на чо­веш­тво­то, ед­на и единс­тве­на гло­бал­на пла­тфор­ма ка­де што се­ко­ја го­ле­ма или ма­ла на­ци­ја има вро­де­но пра­во да збо­ру­ва и да би­де слуш­на­та.

И тој прин­цип не е ше­га.

Исто­то мо­же да се ка­же и за Со­ве­тот за без­бед­ност. Иа­ко не­го­ви­от со­став е ана­хро­ни­чен и не­о­прав­дан, оста­ну­ва фа­ктот де­ка си­те неј­зи­ни член­ки П5 се нук­ле­ар­ни си­ли и, за­ед­но, сѐ уште ва­жат за нај­го­ле­ма­та еко­ном­ска­та моќ во све­тот.

Про­ши­ру­ва­ње­то на кру­гот на ко­рис­ни­ци­те на ве­то не­ма да му по­мог­не на Со­ве­тот за без­бед­ност да функ­ци­о­ни­ра по­до­бро, но би мо­же­ло да го па­ра­ли­зи­ра за­се­ко­гаш, та­ка што не­о­би­чен е ар­гу­мен­тот што ука­жу­ва де­ка Со­ве­тот тре­ба да има по­ве­ќе прет­став­ни­ци, ду­ри и ако тоа се по­ка­же ка­ко по­мал­ку ефи­кас­но.

По­крај тоа, Ве­ли­ка Бри­та­ни­ја и Фран­ци­ја не се тие што ги бло­ки­ра­ат ре­фор­ми­те, ту­ку Ки­на и Ру­си­ја, кои се про­ти­ват на ка­ква би­ло про­ме­на на по­стој­ни­от со­став на Со­ве­тот за без­бед­ност; ми­на­та­та не­де­ла Ки­на­го го спре­чи ин­ди­ски­от обид да до­ста­ви пред­лог за све­жи ре­фор­ми до Ге­не­рал­но­то со­бра­ние на ОН.

Но, иа­ко член­ки­те П5 по­вре­ме­но го сме­та­ат Со­ве­тот за без­бед­ност за не­мо­ќен, при­до­не­сот на ор­га­ни­за­ци­ја­та за гло­бал­на­та без­бед­ност оста­ну­ва впе­чат­лив.

Ми­ров­ни­те опе­ра­ции на ОН се со­се­ма пре­стру­кту­и­ра­ни од кра­јот на Сту­де­на­та вој­на. За се­кој конф­ликт кој се иг­но­ри­ра, по­сто­јат мно­гу дру­ги за кои Со­ве­тот за без­бед­ност дејс­тву­ва ед­ног­лас­но.

svet157-UN-2

Проб­ле­мот со член­ки­те што има­ат пра­во на ве­то

Се­пак, ви­стин­ски­те проб­ле­ми на Со­ве­тот за без­бед­ност се зна­чи­тел­но го­ле­ми. Гла­вен ме­ѓу нив е фа­ктот де­ка Ру­си­ја сѐ по­ве­ќе го ко­ри­сти сво­е­то пра­во на ве­то – не за пра­ктич­на цел за од­бра­на на сво­и­те на­ци­о­нал­ни ин­те­ре­си, ту­ку ка­ко сим­бол на неј­зи­на­та моќ и ста­тус на го­ле­ма си­ла.

Ни­кој во Со­ве­тот за без­бед­ност не­ма та­ков оп­стру­кти­вен при­стап и ако Ру­си­ја про­дол­жи со тоа од­не­су­ва­ње ќе пре­диз­ви­ка ви­стин­ска ка­та­стро­фа во ор­га­ни­за­ци­ја­та.

Но, и за­пад­ни­те си­ли се од­го­вор­ни за пот­тик­ну­ва­ње­то на та­кво­то од­не­су­ва­ње на Ру­си­ја.

Отка­ко за­вр­ши Сту­де­на­та вој­на, За­па­дот ја убе­ду­ва Ру­си­ја да гла­са или да се сог­ла­су­ва со усво­ју­ва­ње­то на ре­зо­лу­ци­и­те за раз­лич­ни кри­зи.

Си­те тие ре­зо­лу­ции на по­че­то­кот беа прет­ста­ве­ни од за­пад­ни­те вла­ди, зго­ле­му­вај­ќи ја мож­но­ста за упо­тре­ба на си­ла са­мо во ек­стрем­ни окол­но­сти. Но, штом ре­зу­лу­ци­и­те ќе по­ми­неа низ Со­ве­тот, раз­лич­ни во­е­ни ко­а­ли­ции пред­во­де­ни од САД им да­ваа на­ред­би што да пра­ват  и тие ни­ко­гаш по­втор­но не го из­не­су­ваа проб­ле­мот пред ОН.

Ток­му тоа се слу­чи во 1995 го­ди­на, ко­га НА­ТО поч­на да во­ју­ва со Ср­би­ја; во 1999 го­ди­на, ко­га во­е­на­та али­јан­са во Евро­па пред­во­де­на од САД ја за­поч­на вој­на­та во Ко­со­во; во 2003 го­ди­на, ко­га САД из­вр­ши­ја ин­ва­зи­ја врз Ирак; и во 2011 го­ди­на ко­га за­пад­ни­те си­ли за­поч­наа воз­душ­ни на­па­ди во Ли­би­ја, ве­ту­вај­ќи им на Ру­си­те де­ка нив­на­та цел е це­лос­но ху­ма­ни­тар­на, де­ка не са­ка­ат про­ме­на на ре­жи­мот, ту­ку са­мо да се со­бо­ри по­стој­на­та ли­би­ска вла­да.

И се­га, за­пад­ни­те вла­ди одат сѐ по­да­ле­ку, да­ва­ат пред­ло­зи за ре­зо­лу­ции зна­еј­ќи де­ка Ру­си­те не­ма да ги при­фа­тат, сè са­мо со цел да се по­сра­мо­ти Мос­ква.

Ру­ски­те офи­ци­јал­ни ли­ца со не­де­ли пре­ду­пре­ду­ваа де­ка ќе ста­ват ве­то на ини­ци­ја­ти­ва­та да се фор­ми­ра ме­ѓу­на­ро­ден три­бу­нал за да им се су­ди на од­го­вор­ни­те за со­бо­ру­ва­ње­то на ави­о­нот на ком­па­ни­ја­та „Ма­ле­зи­ја ер­лајнс“. Но, се­пак, ре­зо­лу­ци­ја­та се про­тур­ка са­мо за да им пре­диз­ви­ка не­при­јат­ност на Ру­си­те.

На Ру­си­ја ни­ко­гаш не тре­ба да ѝ се доз­во­ли да ја на­ма­ли сво­ја­та од­го­вор­ност за тра­ге­ди­ја­та на „Ма­ле­зи­ја ер­лајнс“. Но, иско­ри­сту­ва­ње­то на Со­ве­тот за без­бед­ност на ОН ка­ко ос­но­ва за по­ни­жу­ва­ње на Ру­си­те без по­себ­на пра­ктич­на цел, прет­ста­ву­ва са­мо ед­на са­мо­у­ни­шту­вач­ка игра.

На крај, тоа го на­ма­ли зна­че­ње­то на ОН и на вла­де­е­ње­то зас­но­ва­но на ме­ѓу­на­род­ни­от си­стем кој За­па­дот по­сто­ја­но ба­ра од Ру­си­ја да го по­чи­ту­ва.

ОН ни­ко­гаш не­ма да би­де ин­сти­ту­ци­ја што ќе ги за­до­во­ли стре­ме­жи­те на неј­зи­ни­те ос­но­ва­чи. И Со­ве­тот за без­бед­ност нај­ве­ро­јат­но ни­ко­гаш не­ма да се ре­фор­ми­ра.

Но, во нај­ма­ла ра­ка, нај­важ­ни­от без­бед­но­сен фо­рум во све­тот ќе оче­ку­ва од сво­и­те по­сто­ја­ни член­ки по­мал­ку дет­ски бе­ли и по­мал­ку оби­ди за од­ме­ру­ва­ње на си­ли­те.
Из­вор: „Стрејтс тајмс“
Пре­вод: Ана Цве­та­но­ска

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top