| четврток, 6 декември 2018 |

Снимката со насилната дадилка останува доказ

dadilka

Истрагата за случајот против дадилката која е осомничена за злоупотреба и малтретирање на
деветмесечното бебе што ѝ било доверено на чување е во тек и се вршат истражни дејствија, велат од Јавното обвинителство, објави „Канал 5“.
Видеоснимката на која се гледа како дадилката го удира, го штипе, грубо го тресе бебето во релаксаторот останува како доказ во случајот и покрај барањето на адвокатот на осомничената, 61­-годишната Т.С., Ванчо Митев, снимката да се одвои од случајот бидејќи според него, незаконски е прибавена.
За дилемата дали снимката, од која јавноста остана згрозена и шокирана, може и треба да биде доказ во случајот против дадилката, „Канал 5“ консултирал и правници. Адвокатите се со поделени мислења.
Адвокатот Ѕвонко Давидовиќ вели дека видеото треба да се изнесе како доказ пред судот бидејќи е снимено во домот на родителите на бебето и не е нарушена приватноста.
Додека пак адвокатката Мирјана Бојаџиева Ивановска е со став дека постојат различни случаи идека во практиката различно се постапува кон вака прибавените видеодокази.

Инаку, засега дадилката останува во истражниот затвор во Шуто Оризари, откако полицијата ѝ поднесе кривична пријава и ѝ беше одреден 30­-дневен притвор. Случајот излезе во јавноста откако родителите по долго сомневање, ја снимиле дадилката додека го чувала бебето.
Откако го погледнале снименото, пријавиле во полиција.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top