| четврток, 6 декември 2018 |

ИД собира секс-робинки меѓу вдовиците на џихадистите

Групацијата Исламска држава собира секс-робинки меѓу вдовиците на џихадистите, изјави портпаролот на Демократската партија на Ирачки Курдистан, Саид Мамзуни, јави БТА. ­

isis zeni

 

– ИД има потреба од секс-робинки за своите борци и ја испрати својата женска полиција во Мосул, во северен Ирак, во лов на вдовици во градот. Целта е да бидат врбувани за сексуален џихад – истакна тој.

Припадници на бригадата „Ал Ханза“, женската полиција на ИД ги регистрира личните податоци на вдовиците, за да ги принудат да практикуваат сексуален џихад со борците на организацијата во Мосул.

-Полицајките на „Калифатот“ ги повикале вдовиците, чии имиња не фигурираат на списоците, да се јават во единицата на женската бригада „Ал Ханза“, заканувајќи се со строги санкции за секој што нема да го испочитува барањето – додаде Мамзуни.

Мосул е административен центар на ирачката провинција Ниневија и се наоѓа на 400 километри северно од Багдад.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top