| четврток, 6 декември 2018 |

Среде Скопје храбра продавачка ја спаси касата од вооружен крадец

Продавачка херој се судри со маскиран напаѓач

Присебноста и храброста на вработената ЛБ во продавницата „Агровита Мак“ на улицата Рузвелтова вечерва спречи кражба кога маскирано лице вооружено со пиштол сакало да го ограби дуќанот.

Откако продавачката му пружила отпор дрскиот крадец не успеал да влезе во дуќанот и морал да избега. Маскираниот крадец непосредно пред инцидентот се сретнал со случаен минувач кој не го забележал по што маскираниот насилник извадил пиштол и се обидел да изврши грабеж, пренесува порталот фама.мк

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top