| четврток, 6 декември 2018 |

Марсовец: спасувачка мисија 3Д во кината од 1 октомври

Книгата Марсовец“ добива добри пофалби од вселената и астронаутите едвај чекаат да го гледаат филмот на Ридли Скот, кој ќе излезе наскоро. Кјел Линдгрен, астронаут на НАСА од Меѓународната вселенска станица, изјави дека тој и неговиот колега, Скот Кели, го прочитале романот на Енди Вир. Линдгрен им истакна на новинарите дека книгата навистина му се допаднала и дека се надева дека ќе добие копија од филмот на 2 октомври, еден ден по премиерата. Астронаутите неодамна разговараа телефонски со ѕвездата на филмот, Мет Дејмон. Тие му се јавија на актерот, кој ја игра улогата на измислениот астронаут Марк Ватни, кој е оставен на Марс по грешка, додека тој ја посети Лабораторијата за млазен погон во Пасадена, Калифорнија. Тоа беше интересен разговор, се присетува Линдгрен. Секако дека ни беше забавно.“ Кели, кој е речиси шест месеци во вселенската станица, вели дека е тешко да се споредат нивните искуства во орбитата со патувањето до Марс. За оние што одат на Марс, особено за првпат, тоа ќе биде неверојатна дестинација и доживување, поради кои навистина ќе бидат возбудени“, вели Кели. Не велам дека не сум возбуден и за други работи.“ Екипажот на Марс, исто така, нема да циркулира постојано, а така е и на вселенската станица.

Девет лица од четири земји престојуваат во лабораторијата која се наоѓа во орбитата до петок, кога тројца претставници, од Русија, Казахстан и Данска, ќе се вратат на Земјата. Кели и Русинот Михаил Корнијенко ќе останат таму до март идната година. Ова ќе биде најдолга мисија на НАСА досега. Официјални лица веруваат дека оваа долгогодишна мисија е неопходен чекор, бидејќи агенцијата планира да ги продолжи експедициите на Марс до 2030 година.

Со оглед на тоа дека книгата е фокусирана на црвената планета, НАСА го прифати Марсовец“, и обратно. Новиот филм на Ридли Скот ќе пристигне во кината од 1 октомври.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top