| четврток, 6 декември 2018 |

Франција против Турција осминафинално дерби на ЕП

Домаќинот Франција против Турција ќе биде дербито на осминафиналните натпревари на Евробаскетот што е во тек.

Во арената во Лил со капацитет од 27 илјади седишта домаќините ќе ја продолжат битката за одбрана на трофејот од Словенија против силната турска селекција.

Денеска е слободен ден, а утре точно напладне осминафиналната програма ќе почне со мечот меѓу Летонија и Словенија. Од 14.30 часот ќе играат Грција и Белгија, четири часа подоцна силите ќе ги одмерат Шпанија и Полска, а за крај на првиот осминафинален ден ќе се игра дербито меѓу Франција и Турција.

Во недела од 12 часот за четвртфинале ќе се борат Хрватска и Чешка, по нив во истити термини од сабота ќе играат Србија против Финска, Израел со Италија и Литванија против Грузија.

evrobasket 2015

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top